Бомбашки напад пред американска воена база во Авганистан

Бомбаш-самоубиец детонираше експлозив пред главната американска база Баграм во Авганистан, соопштија авганистанските власти, како и високи функционери од НАТО.

„Во нападот нема мртви, но сериозно е оштетена медицинската база, која се гради за локалното население“, соопшти НАТО мисијата во Авганистан. Еден од лекарите информираше дека болницата, која се наоѓа во близина, исто така била под оган.  Тој дополни дека во болницата биле примени петмина повредени, сите од Авганистан. Генерал Махфуз Вализада, полициски командант на северната провинција Парван, го потврди нападот, но не даде информации за жртви.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ