Болтон: Главна закана за САД се радикалните исламистички групи

Радикалните групи на исламистички терористи претставуваат главна меѓународна закана по САД и нејзините интереси во странство, изјави советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон.

„Радикалните исламистички терористи претставуваат транснационална терористичка закана за САД“, изјави Болтон пред новинарите, претставувајќи ја стратегијата на САД против тероризмот, која се фокусира на Иран.

Болтон потенцираше дека САД се соочени и со закана од Иран, кого го нарече „светски централен банкар на меѓународниот тероризам од 1979 година.

Стратегијата која ја претстави Болтон е првата за борба против тероризмот од онаа во 2011 година, која ја донесе администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама.

Целите на стратегијата се следење натерористите до изворот на нивната поддршка, модернизирање на антитерористичките средства,  спротиставување на радикализацијата, заштита на американската инфраструктура, зајакнување на границите и ограничување на онлајн капацитетите за регрутирање терористи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ