
Боливија на работ на граѓанска војна
Ескалира политичката криза во Боливија. Убиени се петмина поддржувачи на долгогодишниот поранешен претседател Ево Моралес, откако се судрија со воените сили. Повредени се повеќе од 30 луѓе. Докторите јавуваат дека жртвите и повредени се со прострелни рани. Но, новите власти не јавуваат за никакви жртви во градот Сакамба. Всушност, неприфаќањето на новата претседателка од страна на верните поддржувачи на Моралес, им ги отежнува напорите на новите власти да ја вратат стабилноста во земјата по оставката на Моралес. Демонстрантите и роднините на жртвите се собраа на местото на престрелката, извикувајќи „ГРАЃАНСКА ВОЈНА, ВЕДНАШ„
- Ова ли значи демократија. На ова ли мисли Ањез кога зборува со Библијата, ова е, погледнете, нејзино дело. Погледнете како не убиваат.
Демонстрантите објаснуваат дека полицијата пукала кога насобраните граѓани се обиделе да го пробијат воениот контролен пункт. Ево Моралес, кој е во Мексико, каде му е одобрен азил, на Твитер напиша дека се случил масакр. Ја обвини Ањез дека ќе мора да одговара за тешки злосторства против хуманоста. Во најновото интервју, Моралес побара помош од ОН, па дури и од папата Франциско, и порача дека ако треба да ја смири ситуацијата може да се врати во земјата.
- До сега не ја прифатиле или одбиле оставката. Тоа значи дека се уште сум претседател, изјави поранешниот претседател Моралес.
Привремената претседателка не му остана должна. Му врати дека може слободна да се врати во земјата, но дека ќе мора да одговара на прашањата за изборната измана, нема да има имунитет и дека не е добредојден на ниту едни избори.
- Поранешниот претседател Моралес побара азил од Мексико бидејќи тука има незавршена работа. Многу коруптивни дела останаа неказнети и не напредуваа поради фактот што демократските институции апсолутно и се предадоа на политичката моќ, му порача Жанин Ањез.
Во меѓувреме, привремената влада побара од венецуелските и кубанските официјални лица да ја напуштат земјата, вклучувајќи и над 700-тини кубански доктори, обвинувајќи ги дека ги поттикнуваат немирите кои стануваат се понасилни поради оставката на Моралес. Потегот е обид да се покаже дека новите власти се дистанцираат од регионалните лево-ориентирани сојузници на Моралес.
Алиса Шутиноска