Политичарот Оливер Ивановиќ убиен со пет куршуми на Косово

Политичарот Оливер Ивановиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ е убиен во Косовска Митровица, објави српски Блиц.

Тој им подлегнал на повредите по атентатот што бил извршен врз него утрово околу 8.15 часот.

Адвокатот на Ивановиќ, за Блиц, ја потврдил веста за неговото убиство.

-Изгледа дека починал на самото место. Имал пет прострелни рани. Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите безуспешно се обидувале да го спасат, рекол адвокатот.

Полицијата потврдила дека има вооружен инциденти, но без да објавува детаљи околу случајот.

Ивановиќ беше неколку години во притвор под обвинение за воени злосторства и неодамна беше пуштен да се брани од слобода.

Ивановиќ е еден од лидерите на косовските Срби, посебно активен во периодот на бомбардирањето на Србија од НАТО. Тој бил и државен секретар за Косово и Метохија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ