Благодарение на Трамп во САД ќе се пука со 3Д пиштоли

Голема битка во Америка ќе се води за продажбата на опасните три-димензионални пиштоли.

Осум сојузни држави ќе ја тужат администрацијата на претседателот Трамп за донесената дозвола да се продаваат скици за 3Д испечатени пиштоли кои може многу лесно да се создадат. Секој кој има 3Д принтер со скиците на компанијата Дифенс Дистрибутед ќе може да направи пиштол од пластика со многу евтини материјали.

Ваквите пиштоли и пушки не може да бидат откриени на детекторите за метал, па се опасност за аеродромите и другите критични објекти каде има голем број на луѓе. Тужбата против Трамп ќе ја води сојузниот државен обвинител во Вашингтон Боб Фергусон.

  • Спогодбата веќе беше поднесена во судот и неодамна дознавме дека оваа организација Дефенс Дистрибутед планира да ги објави скиците за пиштолите „духови“ оваа среда. Ние имаме намера да спречиме тоа да се случи на национално ниво“, истакна државниот обвинител во Вашингтон.

Проблемот настанал откако јавниот обвинител назначен од Трамп прифатил да се спогоди со компанијата за оружје без оглед што во изминатата година ипол Дифенс Дистрибутед не успевала да добие дозвола од американските судови за продажба на скиците за 3Д печатените пиштоли.

  • Ова е дефинитивно политичка одлука од нивна страна и истата дефинитивно ги доведува во опасност животите на сите во нашата земја“, вели Рене Хопкинс од Алијансата за одговорност со оружје.

Обвинителот Фергусон потенцира и дека со брзиот пристап до 3Д оружје се создава огромна опасност врз националната безбедност на САД бидејќи секој терорист, насилник или криминалец без никаква проверка, документ или дозвола ќе може да дојде до пиштол кој не може да се следи.

Постапката за печатење 3Д пиштол е многу едноставна. Доволно е само шемата или програмата да се внесе во 3Д печатачот и потоа тој самиот ги дизајнира сите делчиња од пиштолот од кои повеќето се пластика или силикон.

 

Христијан Станоевиќ

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ