Белград ги повика Србите на Косово да не наседнуваат на провокации

Во пресрет на утрешниот краен рок кој ЕУ и го даде на Приштина да формира заедници на српски општини на северот од Косово, се заострува реториката од двете страни. Белград смета дека до сега Приштина требаше да го исполни својот дел од Бриселскиот договор, но косовската влада најави дека се чекало потврда – статутот за српската заедница да биде во согласност со законите на Косово. Ситуацијата дополнително се вжешти откако се појавија информации во медиумите дека Србите од северниот дел на Косово, планираат утре да прогласат автономија, како одговор на неисполнетата обврска. „Никој нема право да презема унилатерална акција, рече премиерот Харадинај, и додаде дека Косово соодветно ќе одговори ако се остварат овие најави.

Актуеланата безбедносна ситуација Белград ќе ја разгледува на утрешната итна седница на советот за национална безбедност, која е свикана од Вучиќ. Кој пак денеска во отворено писмо ги повика србите од северниот дел на Косово да не да не наседнуваат на провокации. Белград смета дека во Косово се води кампања на дезинформации кои имаат за цел да го

  • Она што загрижува е кампањата на притисок од дезинформации во кои за ќал учествуваат и одредени малцински претставници на Срби за сметка на Приштина, како и верски претставници, кои за сметка на приштина и чесе осмелам да кажам и за некои странски земји зборуваат за некакви сценарија за договорени судири, поделби и слично“, вели Марко Ѓуриќ, дирекот на Канцеларијата за КиМ. 

Тие приказни, според Ѓуриќ треба да и создадат алиби на Приштина за да преземат мерки против Србите на Косово. Сепак, тој вели дека мнозинството од Србите од северот, позитивно реагирале на повикот на Вучиќ и најави дека ситуацијата ќе остане смирена. За тоа дека КФОР веќе ја префрли својата опрема од базата на северот од Косово, Ѓуриќ вели дека КФОР си има своја улога и мисија и од нив се очекува неутралност.

Различни се толкувањата на неодамнешната изјава на Хашим Тачи за прекројување на границата во обид да се нормализираат однсоите со Белград. Косовската опозиција е со став дека тоа носи нов конфликт и е опасна за Косово, но и за сите земји од регионот. Но, аналитичарите сметаат дека е дојдено времето да се постигне договорот, во спротивно Белград и Приштина ќе останат во меѓусебно заложништво.

Од ЕК порачаа да не се прават тензии кои би ја загрозиле целта – и очекуваат нацрт статутот за заедницата на србите во Косово да биде разгледуван на следниот состанок на високо ниво во Брисел. Оваа  најава како добра ја оцени и американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, кој напиша дека „сето ова треба да ни помогне да се опуштиме и да уживаме во пријатниот викенд“.

 

Алиса Шутиноска

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ