Белгискиот премиер поднесе оставка

Белгискиот парламент и изгласа недоверба на владата поради одлуката на најголемата владејачка партија да не го поддржи глобалниот договор за миграцијата. Лавината започна откако премиерот Шарл Мишел си поднесе оставка пред парламентот по што отиде кај кралот за до извести за одлуката..
–         Во оваа фаза, имам потреба во секој случај да ја испочитувам и да обрнам внимание на ситуацијата, тргнувајќи од тоа донесов одлука да понудам своја оставка за што веднаш одам да го известам кралот, премиер на Белгија, Шарм Мишел
Додека се чека на одговорот од кралот политичката сцена ја брануваат Социјалистите и зелените кои одлучија да гласаат против белгиската влада на десниот центар, бидејќи се спротистави на договорот од Маракеш. Со повлекувањето на Шарл Мишел се губи и парламентарното мнозинство. Тој досега одбиваше да се гласа за недоверба на неговиот кабинет, но сепак им кажа на пратениците дека одлучил да ја понуди оставката. Повеќе ос 160 држави го поддржаа во Маракеш необврзувачкиот договор на ОН, кој треба да овозможи хумани и безбедно движење на луѓето низ светот.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ