
БАРАЈЌИ ГО ШУГАРМЕН
Во раните седумдесети Сикст Родригез бил фолк пеач од Детроит, со кратка кариера и издадени два добро примени, но, слабо продадени албума. Неговата приказна продолжува во Јужна Африка, каде што станува поп-икона и инспирација за новите генерации. Откако се проширила веста за неговото самоубиство, неколку фанови решаваат да откријат која е вистинската судбина на нивниот идол. Ќе ги шокира тоа што ќе го откријат.
Овој филм е добитник на две награди на филмскиот фестивал Санденс и Оскар за најдобар документарен филм.