Бања Лука станува поделен град

Срцето на босанските Срби- Бања Лука станува поделен град, полицијата ги легимира минувачите на плоштадот Краина. Градоначалникот Радојчиќ поради страв од немири донесе одлука- откажана е новогодишната прослава на градскиот плоштад. Тој ги повикува граѓаните да бидат обединети и сите да бараат „Правда за Давид“.

  • Кој е за Давид кој е против Давид. Можеме да се обединиме во градот Бања Лука околу овие две работи. Сите да бараме да се реши случајот Драгичевиќ. И сите да се спротивставиме одвнатре или од надвор на внесување на неред и немир, на поделби и судири во нашиот град, речеИгор Радојчиќ, градоначалник на Бања Лука.

Демонстрантите синоќа оштетија дел од веќе поставената бина за настапот на Харис Џиновиќ, а полицијата најавува дека вечерва нема да дозволи протести на градскиот плоштад. Илјадници граѓани бараа оставка на министерот за внатрешни работи поради смртта на студентот.

Специјалните полициски сили ја растурија толпата, наколкумина беа приведени, меѓу нив и таткото на мртвиот Давид чие тело беше пронајдено во река во Бања Лука, а полицијата тврдеше дека се самоубил. По повеќе неделини протести и апсења, обвинителството отвори истрага. Драгичевиќ ги обвинува властите дека ги штитат убијците на неговиот син.

  • Одовде не си одам! Порака до Миролад Додиќ и на Драган Лукач, до целата држава додека барањата мои не се исполнат, а не ги исполните и ќе бидат се порадикални. Јас не сум тука вечерва за да урнам некого. Јас правно ќе ве срушам и веќе ја урнав целата држава, рече Давор Драгичевиќ, татко на убиениот Давид.

Официјалните претставници на босанските Срби ги негираа обвинувањата на Драгичевиќ дека ги штитат убијците на неговиот син. Денеска загрижените мајки прашуваат зошто им се децата во притвор.

  • Јас сум жена во шок, бидејќи таа е придеведа и никој не и кажал зошто. Јас не знам ниту пак сум прашала, вели Душанка.

Протестите предводени од движењето на Драгичевиќ го одразуваат масовното незадоволство од корупцијата и невработеноста долго време по завршувањето на катастрофалната војна од 1992 до 1995 година.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ