
Автомобил удрил во група туристи, загинати шестмина
Шест млади луѓе на возраст од 20 и 21 година загинаа во Јужен Тирол на северот од Италија кога на нив налетал автомобил, кој го управувал 28 годишен пијан човек. Полицијата го уапсила.
Освен загинатите, полицијата јавува и за 12 повредени од кои четворица се во тешка состојба.
Загинатите биле туристи од Германија кои излегле од блиското кафуле во 1.15 часот и сакале да ја преминат улицата за да стигнат до мотелот во кој биле сместени, а бил одалечен 50-тина метри. Во тој момент на нив налетал пијаниот возач.