Австрија: Партијата на пивото освои над 3.000 гласови

На предвремените парламентарни избори во Австрија, одреден број граѓани избраа да гласаат за „чудни“ партии, како што е „Партијата на пиво“.

Во Виена, Партијата на пивото успеа да освои дури 0,6 проценти од гласовите, со упоришта во 21-та, 22-та и 10-та област во виенскиот округ.

Централни теми на оваа партија во кампањата беа потрошувачката на пиво, забрана за мешавини на пиво и борбата против невработеноста, а во Виена освои 3.649 гласови, што е 0,6 проценти од сите гласови во австриската престолнина.

Шефот на Партијата на пивото Марко Пого во видео порака рече: Нашиот пат допрва почна. Не чекаат избори во Виена 2020 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ