Австрија ги отвора продавниците, Словенија пред прогласување победа над епидемијата

Корона вирусот не потекнува од лабораторија, директорот на Светската здравствена организација за управување со вонредни состојби, Мајкл Рајан, го демантира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека вирусот можеби потекнува од Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан. Тимовите на СЗО сослушаа научници од кинескиот град, епицентарот на Ковид – 19 и се убедени дека коронавирус има природно потекло. Мноштво научници се на ставот дека новиот коронавирус се појавил на крајот на 2019 година на пазарот во Вухан каде се продаваат разни егзотични животни и дека им пренел на луѓето. Досега од оваа вирусна инфекција починаа 238.000 луѓе, а заразени се повеќе од 3.380.000.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека вкупниот број на смртни случаи во САД од последиците на новиот коронавирус нема да биде поголем од 100.000 лица, нагласувајќи дека и тоа е „ужасна бројка“.

– Размислуваме во поглед на 1,5 милиони изгубени животи до 2,2 без намалување. И се надеваме дека ќе стигнеме под тие 100.000 изгубени животи, што е застрашувачка бројка. Сепак, тоа е ужасна работа. Можеше да се запре. Требаше да го запрат на почетокот, но тоа не се случи. Но е тоа во чест на оваа земја и луѓето од нашата земја за она што тие успеаја да го направат и мноштвото спасени животи, рече американскиот претседател Трамп.

Според некои западни медиуми, бројките на Трамп често се поголеми од реалните проценки со цел да ги оправда рестриктивните мерки воведени од неговата администрација, пред се одлуката за забрана за патувања од Кина во САД.

Управата за храна и лекови на САД ја одобри итната употреба на „ремдесивир“ при лекување на пациенти со Ковид-19. Одобрението следува по позитивните резултатите од тестирањето спонзорирано од Националниот институт за здравство, чии резултати покажаа дека лекот го скратува времето за оздравување за 31% или четири дена во просек, за хоспитализираните пациенти.

Во истовреме кинеските истражувања покажале дека лекот не бил успешен, според нацрт-документите објавени од Светската здравствена организација.

Поголемиот број на австриски фабрики, освен рестораните и хотелите денеска повторно започнаа со работа. Во оваа фризерница следниот месец е веќе целосно резервиран, нема слободен термин, сопственикот е задоволен. И продавниците за облека се надеваат на зголемен промет после седумнеделниот карантин.

  • После речиси седум недели затворање, карантин, среќни сме што можеме да останеме отворени и што сега овој недостиг на конкуренција ќе исчезне. На помалите продавници им беше дозволено пред три недели повторно да отворат. Тоа секако ја рушеше конкуренцијата. Сега тоа исчезна. Сега сите се надеваме дека работата ќе тргне можеби побрзо отколку што се очекуваше, вели Гунтер Рошманит, сопственик на бутик.

И покрај полибералните мерки, постои стравување од нов бран на инфекцијата на есен. На 15 мај и рестораните ќе можат повторно да отворат, а хотелите на крајот на месецов. Досега во Австрија има 15.531 случај на Ковид-19 и 589 смртни случаи.

Словенечките здравствени власти објавија дека втор ден по ред бројот на новозаразени со коронавирусот е само пет, со што и дефинитивно земјата е пред прогласување победа над епидемијата.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ