Авион излета од писта во Сочи

Еден загинат, најмалку 18 луѓе се повредени откако авион синоќа излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство.

Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот леташе од Москва за Сочи.

Меѓу повредените има и три деца.

Авионот излета од пистата при слетување, ја проби заштитната ограда и заврши на брегот на реката во близина. Потоа се запали тркалото и крилото на авионот, како и левиот мотор.

Поради инциднетот денеска се одложеби 20-тина летови од аеродромот во Сочи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ