Асанж осуден на 50 недели затвор

Суд во Лондон го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода пред речиси седум години. Прогласен е за виновен бидејќи пред седум години, спротивно на неговата обврска да се појави пред судот на 29 јуни 2012 година, тој се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска. Асанж се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон се до минатиот месец, кога му беше откажано гостопримството и беше уапсен. Покрај пресудата за непочитување на условите за кауција,  на САД му е одредена од негова екстрадиција во Шведска поради обвинувања за силување. САД го обвинуваат и за учество во една од најголемите шпионски афери, загрозувајќи ја американската безбедност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ