
„Армијата на убивиците“ вистинска сензација на ЗОИ
Учеството на Северна Кореја на Олимписките игри во Пјонгчан предизвика голем интерес кај јавноста, посебно по објавата дека мешан женски тим составен од двете држави – Северна и Јужна Кореја ќе учествува на женскиот хокеј турнир.
Спортистките од Северна Кореја од почетокот на Олимпијадата се вистинска сензација и привлекуваат големо внимание каде и да се наоѓаат. Западните медиуми веќе ги нарекаја „Армијата на убивиците“.
На видеото се гледа како група на навивачи предводени од сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг за поддршка на спортистите навива на начин кој нема никаква врска со традиционалните навивачи од Западот. Навивачките на Северна Кореја пееле популарни песни од својата татковина и носеле маски на нивниот голем водач, Ким Ир Сунг (дедото на Ким Јонг Ун).
Во навивачкиот тим има околу 230 девојки. Од Северна Кореја пак на олимпијадата се натпреваруваат 22 спортисти.