
Апокалиптична глетка – пустош и очај во Калифорнија
Апокалиптична глетка – пустош и очај. Ова е Калифорнија после најсрашниот пожар во историјата. Ова е фотографијата од вселената што ја направи НАСА, а ова е градот Парадајс што го проголта огнот за само два дена. Дали автомобилот е спас или нова стапица, кога домот е во пламен.
- Имаше луѓе кои буквално гореа во своите автомобили, трчајќи низ улиците оставајќи ги возилата, умираа на патот. Тие беа во целосна паника, вели Кортни Џенвеј, жител на Парадајс.
Се започна во четвртокот но „ѓаволските ветрови“ ги поразија пожарникарите. Илјадници домови во Парадајс под пепелта кријат недовршени приказни и згаснати надежи. Семејствата очајно бараат повеќе од 100 луѓе кои исчезнаа во градот.
- Во моментов е потврдено дека се исчезнати 228 лица. Денеска се пронајдени останките на шест лица со што бројот на жртви се зголеми на 29. Останките кои денеска се пронајдени беа во Парадајс, од кои пет беа во домовите, а едно тело беше во возило, изјави Кори Хони, шеф на округот Бат Каунти.
На 250.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат. Препораките се да не остануваат дома за да ги спасат куќите, туку да се спасат себе си.
- Не останувајте во вашите домови во обид да ги заштитте. Ве молиме оставете ни го тоа нам. Немојте да си го ризикувате животот. Ние сме во можност да одиме да ги заститиме вашите домови. Мораме да ги заштитме вашите животи и ќе го направиме тоа, препорачува Марк Лоренцен, шеф на пожарникарите во Вентура.
Атмосферата во шетлер центрите е семејна- ние сме војници и преживеани, велат жителите на Парадајс.
- Мојата порака е луѓе останете заедно. Ние сме заедница. Ние сме семејство. Бидете заедно, сите треба да се држиме заедно. Ние сме војници и преживеани. Ова е мојата долгогодишна пријателка, не сме се виделе веќе 25 години, огнот предизвика многу луѓе повторно да бидат заедно, вели Мерилин Кејбл, жителка на Парадајс.
Таканаречните „ѓаволски ветрови“ и натаму разгоруваат два огромни, смртоносни пожара на спротивните краеви на Калифорнија.
- Ветрот Санта Ана повторно се активираше и ќе биде присутен на тоа подрачје следните денови, се надеваме, неговата сила ќе се намали во вторник навечер, Тони Имбренда, противпожарникарски оддел во Лос Анѓелес.
Поради засилениот ветар гувернерот на Калифорнија Џери Браун го повика претседателот Трамп да прогласи вонредна состојба, потег кој ќе ги активира сојузните фондови за интни интервенции. Но ден претходно Трамп се закани со намалување на средтсвата за Калифорнија, обвинувајќи ги пожарникарите за лошо раководење со шумите. Неговата порака: Опаметете се!, го разгоре нивниот гнев. За потоа после добиените критики од џет сетот да ги благословува.
Билјана Ставрова