Антивладини протести во Србија и Албанија

Опозициите во Албанија и Србија вчера организираа масовни протести во главните градови на своите земји. За разлика од тој во Белград, протестот на албанската опозиција заврши со судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили и неколку повредени демонстранти и полицајци. Барањата и на двете опозиции се речиси идентични, ослободување на медиумите, оставка од актуелните влади и формирање преодни се до одржувањето на вонредни избори.

Вечерва, реката на сувереноста го опколи островот на неправдата, како никогаш порано. Денес сме повеќе од кога било досега, повеќе обединети од кога било досега, посилни и поодлучни од кога и да е досега, против криминалот и корупцијата. Ние сме новото морално мнозинство. Главен услов преодна влада, изјави лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

Но за разлика од барањата, бројките на двата протести беа неспоредливи. 200.000 демонстранти ги преплавија улиците околу албанскиот парламент, додека српската власт и опозиција се скараа за посетеноста на белградскиот протест. Здружената опозиција во Сојузот за Србија тврди дека имало 35.000 демонстранти, но владата изброја само 7.500.

Најавуван како најголемиот собир на опозицијата до сега, најмногу луѓе што некогаш се собрале и се собраа 7.000 луѓе. Откако претседателот ги виде пораките, слушна каков говор на омраза се користи на овој собир, откако го согледа се ова, заклучи дека тие со овие говори за себе рекоа многу повеќе отколку што тој би можел, вели српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

И двете опозиции не учествуваат во работата на законодавните домови во своите земји, во кои велат дека владее корупцијата. Нивните барања и обвинувања и двете влади ги постојано ги отфрлаат, но за разлика од Албанија, во Србија се договорија да започнат некаков дијалог.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ