Анегрет Крамп Каренбауер избрана за нов лидер на ЦДУ

Германската владејачка партија ЦДУ ја избраа Анегрет Крамп Каренбауер, за нов лидер на партијата, но Ангела Меркел засега останува на канцеларкото место. Каренбауер беше избрана со 517 од 999 гласови од членовите на Унијата на христијанските демократи.

Каренбауер е генерален секретар на партијата, и беше предлог на Меркел за нејзин наследник. Пред гласањето Каренбауер изјави дека ЦДУ мора да ја задржи својата позиција на „последен еднорог во Европа”. Таа, исто така, заборуваше и заа нејзиниот прекар „мини-Меркел”. – Луѓето ме сметаат за „мини”, копија,  едноставно „иста во друго пакување”, но можам да ви кажам дека стојам тука како своја личност, како јас, рече таа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ