Свет Американскиот Врховен суд расправа за судбината на децата на нелегалните имигранти во САД
Врховниот суд на САД денеска ja разгледува уставноста на ДАКА, програма усвоена од претходната администрација со која стотици илјади деца на нелегалните имигранти во САД избегнаа депортација и добија работна дозвола.
Редица од стотици луѓе цело деноноќие чекаа пред судот за да можат да влезат и присуствуваат на сесијата на Врховен суд, што почна во 10 часот по локално време. Ќе се водат дискусии и даваат аргументи од страна на таканаречените „мечтатели“, односно децата на нечегачните мигранти чиј број изнесува над 700.000 деца и малолетници.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп веќе втора година се обидува да ја укине програмата, усвоена од Барак Обама, која опфаќа стотици илјади апликанти, кои преку ДАКА добија легален престој во САД.
Илјадници од нив се вработени во разни сектори, или се студенти, универзитетски професори и државни службеници. Сите сега се соочени со депортација.
Од септември 2017 година, кога програмата беше укината и тогашниот државен обвинител Џеф Сешнс објави запирање на приемот на нови апликации, судовите од пониски инстанци ја отфрлија одлуката на Трамп како „селективна“.
Критичарите ја оценуваат како анти-имигрантска и нехумана одлуката на оваа Администрација, која беше оспорена од повеќе судови и поддржана од петиција на илјадници апликанти и се најде пред Врховен суд.
Таму денеска ќе бидат изложени писмени и вербални аргументи на повеќе „мечтатели“, зошто програмата треба остане и да се прошири, и каква полза има американското општество од сите овие млади луѓе кои дошле во САД не по своја вољја, но ја прифатиле земјата како родна татковина. Работат овде, војуваат за неа, се едуцираат, плаќаат даноци и придонесуваат на многу други разни начини.
Одлуката на судот ќе биде лакмусов тест и за други закони и одлуки донесени од претходната администрација а повлечени или укинати од Трамп. Доколку падне пред Врховен, повеќе нови и радикалните одлуки и закони потпишани од претседателот можат исто така да бидат ставени под знак прашалник.



