
Американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондланд обвинет за сексуална злоупотреба
Американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондланд е обвинет од три жени за сексуална злоупотреба. Обвинувањата ги објавија списанијата „Портланд Мантли“ и „ПроПублика“, а се случувале пред тој да биде назначен за амбасадор. Во периодот кога наводно ги извршил делата, Сондланд, бил управител на хотели во Портланд и Сиетел. Сондланд ги отфрла обвинувањата, со образложение дека трите жени го таргетирале поради неговата улога во неодамнешното сослушување за отповикувањето на претседателот Трамп.
„Овие невистините тврдења за несакани допири и бакнежи се збунвачки, и верувам координирани од политички причини“, пишува Сондланд во соопштението. Додава дека истите немаат никаква основа, ниту факти, и категорично ги одбива.
Една од жените, Никол Вогел, вели дека го запознала Сондлан во 2003-та година, на вечера кога тој требал да инвестира во нејзиното списание. Вогел е сопственичка на списанието Портланд Мантли, кој ја објавува сторијата. Но, уредниците на списанието велат дека Вогел не е поврзана со приказната, која е објавена во соработка со ПроПублика, како непрофитабилна медиумска групација.
Вогел сведочи дека Сондланд ја однел на вечера за да дискутираат за инвестицијата во нејзиното списание. Потоа ја поканил во еден од хотелите само да ги види собите. Потоа од неа побарал да се прегрнат, а потоа инсистирал на бакнеж, по тш „и го грабнал лицето и ја бакнувал“. Таа го турнала и избегала од хотелот, по што во текот на ноќта добила порака од него дека го променил мислењето и нема да инвестира за списанието.
Другата жена е Јана Солис, и сведочи дека го запознала Сондланд во 2008-ма, кога барала работа како експерт за безбедност во хотели. Кога и понудил работа, вели дека ја нарекувал „мојата нова хотелска женска“ и често ја удирал по задникот. Еднаш ја поканил дома, да ја процени неговата уметничка колекција, по што самиот и се соблекол.
Сондланд вели дека сторијата е „непотковано новинарство“ и во „основа е лажно“. „Овие лажни инциденти не соодветствуваат со мојот карактер“, пишува Сондланд.