Америка се збогува од Џорџ Флојд, додека го погребуваа се правеа измени во законите за полицијата

Со осум минутен и 46 секунди молк, исто толку време колку што полицаецот го држеше коленето на вратот на Флојд гувернерот на Минесота ги повика присутните за последен пат да се збогуваат со афроамериканецот чија смрт предизвика бројни протести против расната дискриминација не само во Америка, туку ширум светот.

Флојд беше погребан покрај својата мајка. На погребот во црквата во Хјустон присуствуваа над 500 луѓе, меѓу кои политичари и јавни личности.

Брук Вилјамс, внуката на Флојд повика на измени во законодавството, кои како што кажа се обмислени на начин кој ги маргинализира црномурестите луѓе.

  • Зошто мора овој систем да биде корумпиран? Законите се веќе смислени за афро-американскиот систем да падне. Овие закони мора да се сменат. Да нема повеќе криминал од омраза, ве молам. Некој кажа, да ја направиме Америка повторно голема. Но, кога неговата Америка некогаш била голема?, праша внуката на Флојд, Брук Вилијамс.

Градскиот совет во Вашингтон ги одобри полициските реформи што ги бараа демонстрантите по убиството на Џорџ Флојд и усвоените измени ќе важат 90 дена. Ќе се бара второ гласање за натамошно продолжување. Сепак  некои демонстранти кои ја следа сесијата на Градскиот совет во живо не се задоволни.

  • И како белец кој гледа како најголем дел од белците во Советот, суштински игнорираат и едноставно не слушаат, дека „Црните животи се важни“ во Вашингтон не бараат реформи. Бараат да се распушти целиот Полициски Оддел, се повикува за мерки кои ни оддалеку не беа разгледувани денеска на Советот, што беше срамно, смета Сидни Колинс, учесник во протестите.

Во  новите измени се опфатени забрана за полицијата за употреба на задушувачки зафати за време на приведување и употреба на гумени куршуми и хемикалии при растерување демонстранти. Според новите регулативи е предвидено враќање на правото на глас за некои затвореници во затвор во Вашингтон. Ваквите измени во полициските реформи се случуват токму во Вашингтон кој има автономен статус и затоа сојузната Влада има зналителни влијание и моќ во самиот град.

Во меѓувреме гневот поради расизмот кој го разоткри смртта на Флојд ги обедини во едно сите кои низ протестите ширум светот го кренаа својот глас против расната дискриминација и полициското насилство на кои за жал сведочиме и денес.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ