Америка потврди еден милион заболени од корона вирус

Еден милион луѓе во светот  го победија КОВИД 19 , а исто толку се заразени во во САД. Соединетите Американски држави се најдоа на врвот на црните статистки. Близу 60.000 луѓе починале поради компликации од корона вирусот. И покрај тоа што бројот на новозаразени во Америка од ден на ден вртоглаво расте претседателот Трамп се пофали дека се лидери во светот по број на тестирање.

– Слушнав дека сте убедени дека ќе се прават повеќе од пет милиони тестови дневно? 01.00

 – Ќе бидеме таму многу скоро. Одиме натаму ако ги погледнете бројките, може да видите дека се приближуваме кон таа бројка. Мислам, ги немам точните броеви, рече Трамп. 

 Меѓутоа неговите проценки делуваат оптимистично . Моментално во САД се тестираат 200.000 луѓе дневно. Критериумите за тестирање во САД варираат од држава до држава. Ограничен број на тестови значи дека приоритет имаат хоспитализираните пациенти, здравствените работници и луѓето сместени во домови за социјална заштита или затвори.

Во меѓувреме, авионите на американската морнарица решија на еден поинакови начин да им се заблагодарат на медицинарите и сите работници   кои се на првата борбена линија против короната. Тие летаа над Њјуорк најголемото  жариштата во соединетите држави . Њујорчани излегоа од своите домови да го поздрават гестот на екипазот на морнарицата. Фотогравираа, снимаа и дадоа поддршка на работниците кои ги чуваат од пандемијата.

Од континентите , Европа се уште најпогодена со над милион заразени од дури една петтина се во Шпанија над 200 000 . По неа се Италија и Франција со слична бројка на болни и над 20 000 починати.  Сепак властите на стариот континет почнуваат со олабавување на мерките против КОВИД – 19.

Франција и Шпанија ги обелоденија плановите во вторникот да ги отворат своите економии.

Целта „е да се опорави секојдневниот живот без да се става под ризик колективното здравје“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез. Училишната година во Шпанија нема да започне одново до септември.

Во Франција, некои основни училишта ќе бидат отворени на 11 мај, но средните училишта веројатно нема да започнат до јуни. Повеќето бизниси ќе можат да се отворатдве недели , но кафулињата, баровите и рестораните ќе останат затворени.

И Франција и Шпанија сè уште бележат стотици смртни случаи на ден од коронавирус.

 

Теодора Цветковска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ