Америка ја надмина Италија по бројот на починати од корона вирус

САД и официјално ја надмина Италија по бројот на починати од корона вирусот. Со новите 2.000 починати за едно деноноќие, бројката достигна 19.701. Италија се симна на второто место со 19.468 смртни случаи. Овие податоци ги објавува реномираниот универзитет Џон Хопкинс, и се додава дека без оглед која земја пријавува повеќе жртви, трагедијата е огромна за сите.

Здравствените експерти на Белата Куќа оценуваат дека епидемијата во САД е во фаза на стабилен пораст наспроти неконтролираното ширење на болеста, , посочувајќи дека мерките на социјално дистанцирање очигледно се клучниот фактор кој придонесува за ублажување на последиците од пандемијата. Сепак, американските граѓани се предупредуваат дека врвот се уште не е достигнат.

„Навистина станува збор за охрабрувачки знаци кои ги гледаме, но колку и да се охрабрувачки, ние се уште не сме на врвот. Затоа, секој ден треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме вчера и неделата пред тоа, заоа што на крајот тоа ќе не пренесе и преку врвот на епидемијата и надолу на другата страна од кривата“, вели Др. Дебора Биркс, специјален тим против корона вирусот на Белата Куќа

Жариште останува Њујорк, каде според властите, во изминативе 5 дена, секој ден умирале по 700-тини луѓе.

Во Европа, Шпанија се надева дека најлошиот период е зад неа, пријавувајќи трет ден по ред помал број на починати. Властите се надеваат дека следуваат подобри денови, а тоа што од понеделник илјадници ќе почнат да одат на работа, не треба да се смета за опуштање, бидејќи земјата останува под клуч до 26 април.

  • Владата активираше протоколи за дистрибуција на заштини маски во поголемите точки на јавен транспорт за да работниците кои кои ќе патуваат исклучиво на работа од понеделник, соопшти министерот за внатрешни.

Светската здравствена организација е охрабрена од намалувањето на пандемијата во некои европски земји, но остро предупреди за опасноста од евентуално пребрзо укинување на рестриктивните мерки кое се наметнува како последица од тешките економски последици од вирусот.

Со рекордни 917 починати за еден ден, Велика Британија станува новото европско жариште. Трет ден по ред бројката на починати надминува 900-тини. Властите апелираат да се остане дома и покрај убавото време за Велигден. Италија останува на второто место во светот. По пет дена, денеска бројот на поччинати повторно се зголеми. Медицинскиот персонал, Велигден ќе го прослават заедно со пациентите. Но, за нив свири миланска Ла Скала. 64-те музичари им посакуваат Среќен Велигден.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ