Aлбанските власти блокираа 21 тони бразилско месо со салмонела

Албанската Национална агенција за храна во пристанишниот град Драч, блокирала 27 тони пилешко месо. Од месото, кое е потекло од Бразил, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено големо присуство на салмонела.  Контејнерот во кој било сместено месото бил вратен во земјата на потекло. Во изминатиот перидот од годинава Агенцијата блокирала и врати назад седум контејнери или вкупно 180 тони месо. Од Бразил годинава во Албанија увезени се 259 контејнери со месо и сите се контролирани и анализирани. Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ