Албански воен брод спаси 41 сириски бегалец во Егејско Море

Бродот Бутринти на албанската Воена морнарица во водите на Егејско Море спаси 41 илегален мигрант од Сирија, кои се наоѓале во моторен чамец за кој постоела опасност да потоне.

„Спасени се 41 патник, од нив 10 деца и седум жени, од кои две бремени. Илегалните имигранти испловиле од турскиот брег кај градот Чешме кон грчкиот остров Хиос. Мигрантите се предадени на брод на Фронтекс“ соопштија од албанското Министертво за одбрана.

Бродот Бутринти плови по Егејското Море во рамки на операцијата на НАТО.

Министертвото наведува дека дека бродот ја продолжува „својата хумана мисија за спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море“.

Претходно на истиот начин спасени беа 36 илегални мигранти од кои 12 деца и 24 жени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ