Албанија: Вонредната состојба продолжена до 23 јуни

Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата останува на сила до 23 јуни поради пандемијата со коронавирусот. Владата, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа  за период од 30 дена.

„Се дава согласност за продолжување на вонредната состојбата поради природна непогода, прогласена со решение бр. 243, од  24.03.2020 година на Советот на министри до 23.06.2020 година“, се наведува во донесената одлука,за која гласаа и пратениците од опозицијата.

Од присутните пратеници петмина беа против додека тројца воздржани.

Албанската влада во исто време најави дека ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки, доколку состојбата со заразата продолжи да биде стабилна

Според последните информации од Министертвото за здравство и социјална заштита,во земјата дијагностицирани со „Ковид-19“ се 663 лица, оздравени 385, додека починати се 27 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ