Албанија избира градоначалници без опозиција, со премир во ¾ летни панталони и претседател на летување

Течат локаланите избори во Албанија. Опозицијата организира протести во Тирана, во Скадар затворени училиштата за гласање. 11 проценти или 350 илјади гласачи за четири часа од почетокот на изборниот ден го направиле најтешкиот избор во плурална и демократска Албанија по смената на политичкиот систем, откако опозцијата одлучи да не учествува на изборите.

Во 61 општина глaсачите избираат дали воопшто да гласаат, бидејќи на гласачките ливичиња има само еден кандидат. На изборите учествува владејачката Социјалистичка партија на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, која ја води коалицијата наречена Алијанса за европска Албанија, заедно со некои нејзини сојузнички партии.

Опозициски партии ги бојкотираат локалните избори. Но, она што одекна како вест не се околностите во кои се бираат градоначалници, туку изборот на гардероба во која актуелниот премиер излезе да гласа. Соочен со критички прашања од медиумите, Рама искажа убеденост дека во Албанија се случува нешто историско.

Денеска е многу важен ден за Албанија. Верувам дека овој ден еднаш засекогаш ќе потврди дека со народот никој не може да се поигрува. Суверенитетот на народот не е празен збор, и кој се обидува да му ја одземе сувереноста на народот, нема друг крај освен крај со неуспех и срам. Важно е да се почитува правото на секој граѓанин да гласа или да не гласа. Историјата ни кажува дека овие избори се избори за Албанија што ја сакаме за сите наши деца, изјави за новинарите Рама.

Сликата на терен е поинаква. Полицијата интеревенираше и растера граѓани на протест во Тирана. Во Скадар воопшто не се гласа, а на училиштата останаа катанците. Во обид да го прекине гласањето 53 –годишен маж влета со калашников, заканувајќи и се на комисијата додека ги кршел гласачките кутии.

Додека Албанија го бранува демократскиот свет aлбанскиот претседател Илир Мета кој е дел од бојкотот, се огласи на социјалните мрежи дека ужива во длабока сенка.

Драги пријатели, заедно со мојот пријател уживаме во оваа историска и сончева недела и во музиката, напиша Мета.

Единствената партија на Македонците настапува самостојно со кандидат за градоначалник и советничка единствено во општина Пустец. Кандидат за градоначалник е Едмонд Темелко, кој по четвртипат ја бара довербата на жителите на Пустец. Негов противкандидат е Пали Колевски. Во единствениот избирачки список запишани се 3,5 милиони лица со право на глас. Гласањето е предвидено да се одвива во 5.417 гласачки места, а ги обезбедуваат 7.779 полицајци, а во позадина се специјалците и командосите на армијата. Премиерот Рама одби кој било друг датум освен 30 јуни за избори, а освен ЕУ, поддршка стаса и до аемриканската дипломатија. ,

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ