Aл-Курајши прогласен за нов лидер на ИД на местото на убиениот ал-Багдади

Групата Исламска држава ја потврди смртта на нејзиниот водач Абу Бакр ал-Багдади и го именуваше неговиот наследник.

Како што соопштија од ИД за нивни нов водач е прогласен Абу Ибрахим ал-Хасеми ал-Курајши.

Американската централна команда објави видео снимки и фотографии од акцијата на американските војници во која минатиот викенд беше убиен лидерот на групата Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Во акцијата во северна Сирија Багдади се самоуби, активирајќи експлозивен елек, при што ги уби и неговите три деца. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ги одликува Медал на честа војниците кои ја спроведоа акцијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ