Ако изгуглате идиот ќе ви се појави Доналд Трамп

Ако на интернет пребарувачот Гугл го напишете зборот „идиот“ ќе добиете цела низа на фотографии од актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Ова е кампањата против него која почна минатата недела во пресрет на неговата посета на Велика Британија. Трамп најчесто го користи својот Твитер налог на Интернет за да ги остави своите контроверзни коментари, па затоа не е за изненадување што противниците одлучија да се борат со истото оружје за комуникација. Па така, Гугл е бомбардиран од зборот „идиот“ со секој настан поврзан со американскиот претседател. Десетици илјади статии и фотографии од него го вклучуваат овој збор. Фактот дека кампањата ја забележаа и медиумите само ќе го засили нејзиното влијание и ќе ја продолжи поврзаноста со зборот идиот и Доналд Трамп.

Од Гугл се уште нема официјален коментар за ова бомбардирање. Но, кога поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама се појавуваше на интернет со фотографија на мајмун со обетки, од Гугл рекоа дека не се мешаат во навредливите или контроверзни пребарувачки резултати. Наместо тоа, од компанијата се обидоа да објаснат преку реклами кои се појавуваат на корисниците за релевантните термини за пребарувањето.

„Рангот на одреден сајт во пребарувачките резултати на Гугл силно зависи од компјутерските алгоритми кои употребуваат илјадници фактори да ја пресметаат релевантноста на страницата во пребарувањето. Понекогаш суптилностите на јазикот предизвикуваат појавувања на аномалии кои не можат да бидат предвидени.“

Дали сепак ќе реагираат и ќе ги променат алгоритмите или ќе се водат од правото за слобода на говор следува да видиме. Сепак, треба да се знае дека се што е објавено на интернет треба да се земе со резерва и да се провери неколку пати.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ