Ајатолахот Хамнеи во ретко обраќање го поддржа иранскиот напад врз базите на САД

Неодамнешното ракетирање на американските трупи во Ирак ги понижија Американците, изјави иранскиот врховен лидер и духовен водач, ајатолахот Хамнеи, кој по осум години ја водеше петочната молитва во Техеран. Поддршката за нападот на иранската војска, ајатолахот ја дава во еден од најкритичните моменти за владата, која се обидува да се справи со политичката вознемиреност поради убиството на генералот Сулејмани, но и со општиот бес за уривањето на украинскиот авион во кој загинаа невини луѓе.

Хамнеи го нарече Трамп кловн, а убистовото на генералот Солејмани, од страна на Америка, е терористички и кукавички чин.

Ајатолахот продолжи уште поостро, обвинувајќи ја Америка дека лаже дека го поддржува иранскиот народ. Впрочем вие бевте многу среќни што авионот се урна, бидејќи најдовте причина да поставувате прашања за иранската војска, порача Хамнеи.

  • Портпаролот на извитоперената американска влада зборува дека стојат со иранскиот народ. Лажете. Тоа е затоа што сакате да фрлате отровен прав во лицето на иранската нација. Секако, не успеавте досега, и нема да ни можете ништо.

Во ист кош со Америка, Хамнеи ги стави и Велика Британија, Франција и Германија. И нив ги нарече лажговци.

  • Кога тие преговараат, нивните преговори се измешани со лага и измама. Господинот кој седи на преговарачката маса е ист како и терористот на аеродромот во Багдад. Исти се, нема разлика.

Од Западот засега нема коментар за говорот на иранскиот водач.

Стотици илјади Иранци го следеа реткото обраќање. Оние кои не можеа да влезат во џамијата носеа транспаренти со порака до Америка „Спакувајте се и изгубете се“. Хамнеи обично не се појавува во јавноста, одржувањето на петочните молитви го препушта на другите клерици кои имаат силна ораторска моќ. Неговата одлука да се појави денеска покажува колку иранските власти сериозно ги сфаќаат неодамнешните случувања.

Последен пат кога Хамнеи се обрати во јавноста беше пред осум години, кога на 33 годишнината од Исламската револуција, и порача на Америка дека ако ги нападнат, ќе им биде возвратено за 10 пати повеќе.

 

Алиса Шутиноска

 

 

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ