Адвокатите на Трамп прогласени за виновни, претседателот ги игнорира нивните признанија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е пред турбулентен период откако судот ги прогласи и осуди за виновни двајца негови блиски соработници кои беа обвбиенти за финансиски криминал, затајување на данок но и исплати на две жени во замена за нивниот молк.

Поранешниот долгогодишен личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен, се изјасни за виновен за кршење на законот за финансирање кампања и за исплата на пари на порноактерка и на манекенка за да  молчат околку нивните односи со еден од претседателските кандидати. Коен кој вашеже за „личен чистач“ директно не го именуваше претседателот Трамп туку само изјавил дека дејствувал по налог на еден од кандидатите за претседател во 2016 година.

Поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател Трамп, Пол Менафорт, е прогласен за виновен по осум од вкупно 18 точки од обвинението за затајување данок и банкарска измама. Ова е прва пресуда поврзана со истрагата на американскиот специјален иследник во аферата околу Русија, Роберт Милер. Меѓутоа, постапката не беше поврзана со обвинувањата против Менафорт во однос на неговата дејност како менаџер на изборната кампања на Трамп во 2016 година.

Претседателот Трамп го чека турбулентен период, експертите сметаат дека двете пресуди ја покажале неговата инволвираност и не ја исклучуваат и можноста за импичмент.

Претседателот Трамп без коментар околу пресудите за неговите соработници. Тој ги игнорираше новинарите и новинарските прашања и се качи на претседателскиот авион за да приусуствува на собир во Западна Вирџинија.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ