Административците протестираат, Трамп се закани со вонредна состојба

Стотици вработени во американските владини служби протестираа поради продолжувањето на владината блокада. 800.000 илјади вработени во администрацијата се на неплатено отсуство, отпуштени или работат а не примаат плата поради делумната блокада на федералната влада. Вчерашниот состанок на претседателот Трамп со демократите траеше само 14 минути, по кои претседателот ја напушти средбата затоа што демократите не се согласиле да одобрат финансии за изградба на ѕидот кон Мексико.

Најверојатно ќе предизвика да паднам во депресија ако потрае подолго, затоа што не ни е дозволено да бараме втора работа. Мора да ни биде одобрено иако сме на отсуство и не можеме да работиме нешто друго, ренџерката Кетрин Гилсон од Службата за национални паркови.

Демократите го обвинуваат дека бездушно ја користи несреќата на владините работници за да издејствува средства за неговото изборно ветување. Трамп кој нема намера да попушти за ѕидот, од Тексас на границата со Мексико, отворено се закани дека ќе прогласи национална вонредна состојба.

Ако поради било која причина не сакаат да го направиме ова и нема да дејствуваат одговорно, не им е грижа за загубените животи и криминалот и сите проблеми кои ги предизвикуваат затоа што нема бариера, ќе видите што ќе се случи со националната вонредна состојба, што многу лесно можам да го направам, изјави Трамп од Рио Гранде.

Националната вонредна состојба ќе ја суспендира контролата на Конгресот врз одбранбениот буџет и целосните овластувања над него ги префрла кај претседателот. Што значи дека Трамп ќе може да започне со изградбата на ѕидот, но владата ќе остане блокирана се додека не се постигне договор за новиот буџет.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ