
ДОУШНИК
Црна комедија базирана на вистинската приказна за најпознатиот корпоративен доушник во историјата на Америка. Витакер кој е вработен во една компанија наеднаш станува доушник за ФБИ за илегалните дејствија во својата компанија. Филмот беше номиниран за два „Златни глобуси“.
Режија: Стивен Содерберг; Улоги: Мет Дајмон, Скот Бакула, Џоел МекХејл