
Сирија: Бараме осуда на агресијата од САД и сојузниците
Mинистерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем во првата реакција по како што ја нарече агресијата врз неговата земја изјави дека нападите на Соединетите Американски Држави и сојузниците го кршат меѓународното право и принципите на Обединетите Нации.
-Сирија бара од меѓународната заедница силно да ја осуди оваа агресија, која нема да доведе до ништо друго освен во поттикнување на тензии ширум светот и претставува закана за меѓународниот мир и безбедност во целина, рече министерот Муалем.
Претседателот на Сирија Башар Ал Асад чиј режим е цел на западната интервенција утрово пеш дојде на работа во својот кабинет, а снимката од Асад утрото по нападите ја објавија сириските државни медиуми.
Рано утрово врз Сирија беа испукани 110 ракетни проектили.