
Првиот контингент војници испратен на мексиканската граница
Американската сојузна држава Тексас одлучи да испрати 250 припадници на Националната гарда на границата со Мексико. Одлуката на Тексас следи по повикот од претседателот Доналд Трамп да се испратат најмалку 4.000 припадници на Националната гарда да ја обезбедуваат федералната граница со Мексико. Зајакнување на граничната контрола е побарано и од сојузните држави Ново Мексико и Калифорнија.
„Соработуваме со гувернерите за да поминеме низ овој процес и се надеваме дека Националната гарда ќе биде на терен што побрзо. И ќе продолжиме да работиме со Калифорнија и се надеваме дека ќе го направат потребното и ќе помогнат да ги заштитиме нашите граници“, вели Сара Хакаби Сандерс, прес секретарот на Белата куќа.
Трошоците за учеството на Националанта гарда во обезбедувањето на границата може да надминат 120 милиони долари годишно. За финансирањето на оваа операција може да биде потребно и одобрување од Конгресот, но министерот за одбрана Џим Матис тврди дека тоа нема да биде проблем.
„Бараме начин како најдобро да обезбедиме подршка за Министерството за внатрешна безбедност и ќе го пронајдеме. Ќе биде во согласност со законот и во духот на Когресот, нема проблем“, изјави Матис.
Трамп вчера потпиша меморандум за укинување на политиката кон имигрантите која овозможуваше уапсените илегални мигранти да бидат ослободени од притвор до донесувањето на судската одлука за нивниот статус. Одлуката за испраќање војска на границата беше жестоко критикувана во Мексико.
„Нема да дозволиме негативната реторика да ги дефинира нашите постапки. Ќе делуваме само во најдобриот интерес на Мексиканците. Парафразирајќи ги зборовите на големите американски претседатели: Не се плашиме да преговараме, но нема да преговараме од страв“, вели мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието.
Ова не е прв пат Вашингтон да испрати војска на границата со Мексико. И двајцата претходници на Трамп, Барак Обама и Џорџ Буш искраќаа војници на границата за спречување на илегалните преминувања. И двете мисии траеа по една години, но и двете мисии не постигнаа значителен резултат.
Игор Трајков