Макрон со порака до Путин: Искористете го влијанието и запрете ја војната во Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот колега Владимир Путин да го искористи своето влијание за да се стави крај на конфликтот во Сирија и да се обноват преговорите за политичка транзиција во земјата, соопшти Елисејската палата.

Двајцата претседатели имале телефонски разговор во кој Макрон ја истакнал потребата од ставање крај на воената ескалација од последните месеци за да се заштити цивилното население.
Двајцата лидери разговарале и за потребата да се стави конечен крај на терористичката организација Исламска држава во тој регион.

Во соопштението на Кремљ за разговорот се вели дека Путин го информирал Макрон за исходот од тристраната средба за Сирија во Анкара, на која учествуваа Турција, Иран и Русија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ