Пучедмон ослободен со кауција од 75 илјади евра

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон, по деве недели минати во притвор е пуштен на слобода откако ја платил кауцијата од 75 илјади евра која ја одреди германскиот суд. Тој засега е слободен човек, но не смее да ја напушти Германија.

Канцеларијата на обвинителството во Шлезвиг наведува дека Пучдемон на властите им ја оставил адресата во Германија, каде ќе прстојува додека судот не донесе одлука на барање на Мадрид за негово екстрадирање по основа на обвинение за злоупотреба на јавни средства.

Во образложението на судот во Шлезвиг стои дека Пучдемон неможе да биде екстрадиран по обвинение за бунт, бидејќи германскиот закон за такво обвинение подразбира употреба на закана или сила доволна да ја скрши волјата на властите.

Пучдемон беше уапсен во Германија по шпанската потерница, кога се обиде од Финска да премине во Белгија.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ