Шојбле се надева дека Велика Британија ќе остане во ЕУ

Претседателот на Бундестагот и поранешен германски министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека се надева дека Велика Британија ќе се предомисли со одлуката да ја напушти Европската унија по изразената поддршка од ЕУ за Лондон околу случајот Скрипал.

– Продолжувам да се надевам дека Британците ќе останат во ЕУ, рече Шојбле во коментар за денешните весници на медиумска група „Функе“, додавајќи дека исто така се надева дека Британците ќе видат „колку е убаво да не си сам во светот“.

Некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Германија и Франција, заедно со САД и НАТО, неделава протераа над 140 руски дипломати по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британскиот град Солсбери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ