Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епиценатарот на земјотресот бил 180 километри западно од градот Рабаул, на островото Нова Британија, на длабочина од 10 километри.

За сега нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета. По земјотресот не е издадено ниту предупредување за појава на цунами.

Во земјотресот со интензитет од 7,5 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја на 26 февруари настрадаа повеќе од сто луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ