
15-километарска колона на бугарско-грчката граница, сите на одмор во Грција
15 километарска колона возила е заглавена на бугарско-грчката граница. Туристите од Србија, Романија, Бугарија, Босна масовно тргнаа на пат кон омилените грчки летувалишта, но многумина застанаа на половина пат, бидејќи Грција иако најави дека денеска ја отвора границата само на граничниот премин Евзони, тоа се уште не го сторила. Од македонска страна велат дека се пропуштени 30-тина возила кои биле со европски пасош, но дека грчките граничари се уште не ја креваат рампата за туристите кои транзитираат низ Македнија.
Возилата се пренасочија кон бугарско-грчката граница на преминот Прохоманос. Но, Бугарија и натаму не дозволува влез за српските туристи, што предизвика револт кај патниците. Не вратија од Евзони, рекоа дека е се уште затворено, но дека работите можат да се сменат уште во текот на денот, а од граничниот премин Кулата – Промахонас, враќаат српски и возила од Босна, сведочат српските туристи, кои немаа друг избор освен да се вратат назад.
Иако, Македонија дозволи транзит на странски туристи со задржување во земјата најмногу пет часа, Грција сепак одлучи да почека до 1 јули кога ќе дозволи влез на српксите, македонските и албанските туристи, односно земјите од Западен Балкан, според препораките на ЕК.
Неизвесно е дали Грците вечерва во 23 часот ќе го отворат Евзони, покрај преминот кон Бугарија.
Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис најави дека границите за туристите ќе бидат отворени во две фази. Првата фаза е граничниот премин кон Бугарија да биде отворен денеска, а за две недели односно на 1 јули, во Грција ќе можат да влезат Македонците и Албанците.
Алиса Шутиноска