„Црните животи се важни“ – новиот слоган на протестите низ САД и светот

Силното невреме, дождот и грмотевиците не ги спречи протестите против полициската бруталност во Америка да влезат во вториот по ред викенд. ЦРНИТЕ ЖИВОТИ СЕ ВАЖНИ е најновата порака со која мирно се протестира. Американската престолнина се подготвува за илјадниците кои ќе се приклучат на протестите предизвикани од убиството на невооружениот афроамериканецот Џорџ Флојд. Многу од вашингтонските улици се затворени, а локалната полиција е на готовс за демонстрациите кои треба да почнат во 18 часот по локално  време. Градоначалничката на Вашингтон пркосејќи му на претседателот Трамп, го преименува Плоштадот Лафајет во близина на Белата Куќа во „Црните животи се важни“.

  • Пораката до американскиот народ е дека црните животи се важни, црната хуманост е важна. И ние како град го издигнуваме тоа како дел од наште градски вредности, изјави градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баусер. 

Плоштадот Лафајет беше и главно збиралиштево изминативе десет дена на често насилните протести против полициската бруталност, поради што беше ангажирана и националната гарда. Баусер реагираше дека тоа е премногу, и побара од војската да го напуштат градот. Доналд Трамп не го коментираше насликаниот мурал кој се протега низ 16 блока во градот, но Баусер ја нарече некомпетентна, а Националната гарда ја спасила од „голема срамота“. Градоначалничката врати дека сите треба да се фокусираат на она што е пред нив.

  • Мислам дека сите треба рефокусираме на она што е пред нас. А тоа е дека нашата нација е повредена. Потребно и е залекување и лидерство на сите нивоа, од градоначалниците како мене, до сите нас да се фокусираме како да ги соединиме луѓето, врати Баусер. 

Слоганот „Црните животи се важни“ се прошири меѓу демонстрантите низ целиот свет. Сиднеј утринава беше преполн, а судот донесе уредба со која се забрани апсење на учесниците, иако се беше мирно. Но, причината за протестите е иста како и од другата страна на Океанот.

  • Она што не донесе тука денеска е неправдата против домордната заедница, првите дојденци и малцинствата во светот кои се расно дискриминирани од поголемите групи, капиталистичките системи, и коруптивните полициски системи, порача учесник на протестите во Сиднеј. 

На Британскиот парламент осамна слоганот „ЦРНИТЕ ЖИВОТИ СЕ ВАЖНИ“. Во Атина се носеа транспарентни „Не можам да дишам„ „Белото молчење е насилство“. Во Отава, премиерот Џастин Трудо се приклучи на протестите. Клекна во солидарност со демонстрантите. Во некои американски градови клекнуваат и полицајците и се префрлаат на другата страна. Протестите, кои се најмасовни по смртта на Мартин Лутер Кинг во 68-мата по се изгледа го свртеа вниманието на цел свет за прекумерната полициска сила со која беше уапсен невооружениот Џорџ Флојд.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ