
Трамп ги замолчува новинарите – без одговор за расната нееднаквост
„Победнички круг“ на Донал Трамп денеска, вака американските медиуми го опишаа едночасовното обраќање на јавноста на американскиот претседател по потпишувањето на документот Пејчек 2020 и објавата на оптимистичките економски прогнози и падот на стапката на невработеност иако е доста блиску до економскаа криза од 30-тите години на минатиот век, наречена „големата депресија“. Но, Трамп истакна дека невработеноста во мај благо се намалила, па сега изнесува 13,3 %, а стопанството покажува значи на заживување. И додека државата се бори со немирите и антирасните протести невработеноста кај афроамериканците минатиот месец порасна на 16,8 %. Тој ги повика гувернерите да ја преземат доминацијата на улиците на САД по насилните протести.
- Мора да доминирате на улиците. Не можете да дозволите тоа да се случува. Тоа се вика доминирање на улиците. Вие не можете да дозволите тоа да се случи во Њујорк, каде тие упаѓаат во продавници и насекаде. И, патем, уништуваат многу мали бизниси. Не можете да дозволите тоа да се случува, рече Трамп.
Најпрво ги замолче новинарите, а потоа им порача дека „земјата е економски јака“ и дека тоа е неговиот план: „Да имаме најјака економија на светот, која ќе биде уште посилна“, одбегнувајќи ги директните одговори за расната нееднаквост.
- Господине претседателе зошто не се осврнете на системскиот расизам? Зошто не изготвите полан?, прашаа новинарите.
- Сакам да го потпишам овој документ. Тоа е нешето сосема друго. И покарј тоа она што се случува со нашата земја и она што сега го видовте, ова е најголемата работа за расните односи, за афроамериканската заедница, за азиските Американци, за латиноамериканската заедница, за жените, за сите, рече Трамп.
Економската состојба во САД е далеку од добра, официјално 40 милиони луѓе останаа без работа, а милиони бараат државна помош.
Додека траеше погребот на Џорџ Флојд, насилните протести продолжија ширум САД, а полициската бруталност кулминираше, Двајцата полицајци кои турнаа постар човек на земја, кој прокрваре од главата, се суспендирани.
Билјана Ставрова