Трамп ги повика гувернерите да ја преземат доминацијата на улиците на САД

Додека траеше погребот на Џорџ Флојд, насилните протести продолжија ширум САД. Кулминација на полициската бруталност на плоштадот Нијагара во Бафало точно пред општинската зграда во момент кога полицијата го расчистуваше просторот после снтирасните протести. Двајца полицајци турнаа на земја неидентификуван маж кој падна на плочникот и почна да крвари од главата. По објавувањето на снимката во локалните медиуми, полицајците се суспендирани.

Во истовреме тројцата полицајци од Минеаполис кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд се соочени со казна затвор до 40 години, тие пред судот понудија милион долари кауцаја за привремено ослободување. Извршителот на убиството полицаецот Дерек Шовин веќе е обвинет за убиство без предумисла, односно убиство од втор степен.

Во капелата на универзитетот во Минеаполис пред златниот сандак на починатиот афроамериканец со тишина од осум минути и 46 секунди онолку колку што Шовин го држеше коленото на вратот Флојд, познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството го испратија афроамериканецот во вечното почивалиште.

На денешната прес конференција претседателот Трамп нагласи дека невработеноста во мај благо се намалила, па сега изнесува 13,3 %, а стопанството покажува значи на заживување. И додека државата се бори со немирите и антирасните протести невработеноста кај афроамериканците минатиот месец порасна на 16,8 %.

Тој ги повика гувернерите да ја превземат доминацијата на улиците на САД.

  • Мора да доминирате на улиците. Не можете да дозволите тоа да се случува. Тоа се вика доминирање на улиците. Вие не можете да дозволите тоа да се случи во Њујорк, каде тие упаѓаат во продавници и насекаде. И, патем, уништуваат многу мали бизниси. Не можете да дозволите тоа да се случува, рече Трамп.

Трамп најави позитивно лето во очи она што сигурно го очекува, а тоа е битката за нов претседателски мандат во ноември. Мислам дека ќе имате многу добар август, а можеби и јули, како и спектакуларен септември, рече Трамп.

Меркел го осуди „расистичкото“ убиство и побара политиката да се обиде да ги зближи луѓето и да ги помири.

  • Би сакала ова (поделено општество) да не се случеше во САД, туку земјата да се обедини. Убиството на Џорџ Флојф е страшно, тоа е расизам. Ние исто така имаме расизам и во нашата земја и затоа имаме полни раце работа. Сакам јасно да кажам, дека верувам во демократскиот капацитет на САД да ја решат оваа тешка ситуација, истакна Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Смртта на 46-годишниот Флојд предизвика големи протести низ САД против расизмот и полициската бруталност врз Афроамериканците. Мал но, достоен за почит гест направи тројца полицајци во Тенеси кои клекнаа на колена во знак на солидарност со демонстрантите.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ