Повеќе од шест милиони и 700 луѓе во светот се заразени со корона

Повеќе од шест милиони и 700 луѓе во светот се заразени со корона, покажуваат бројките на институтот Џон Хопкинс. Од вирусот починаа над 393 илјади. Најмногу заразени има во Соединетите држави, втор е Бразил, а трета по бројот на заразени е Русија. Во Британија, која има најмногу починати од корона во Европа, луѓето кои користат јавен превоз се замолуваат да го покријат лицето, односно да носат заштитни маски, шал или марама.

Носењето заштитна маска ќе биде задолжително во јавниот транспорт од 15-ти јуни. Во Италија, по отварањето на границите полека почнаа да се враќаат странските туристи. Италија е една од најпогодените европски земји од пандемијата, каде од корона починаа повеќе од 33 илјади луѓе. Во меѓувреме, се одржа он лајн глобален самит за вакцина, каде се ветени 8,8 милијарди американски долари за поддршка на вакцинацијата.

На самиот учествуваа лидери на повеќе од 30 земји и шефови на меѓународни организации, Обединетите нации и Светската здравствена организација, со цел да се зголемат фондовите на глобалната алијанса за вакцини и имунизација. Кога ќе се открие вакцина за Ковид 19, Алијансата ќе треба да ја распредели низ цел свет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ