Почина полицаецот – херој од заложничката драма во Франција

Францускиот полицаец кој вчера се понуди како замена за ослободување на заложникот кој во супермаркет во Франција го држеше вооружен напаѓач, им подлегнал на повредите, соопштуваат официјални лица, а пренесува Би Би Си.

“Полицаецот Арно Белтрам загина како херој и покажа исклучителна храброст”, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Белтрам беше меѓу првите припадници на полицијата кој во петокот одговорија на нападот на супермаркет во местотот Треб, во кој загинаа четворица. Белтрам се понуди себеси како замена за една жена која напаѓачот ја држеше како заложник, а притоа беше тешко ранет пред да биде убиен напаѓачот од страна на антитерористичката единица на полицијата. Напаѓачот е познат како радикален исламист, а се работи за 25 годишниот маж Радуан Лакдиј, пренесува Франс Прес.

Во текот на ноќта, француската полиција приведе лице за кое се верува дека е вмешан во вчерашниот напад. Притворениот е малолетен, роден во 2000 година, и бил пријател на напаѓачот Радуан Лакдиј. Исто така и жена поврзана со Лакдиј беше уапсена вчера.
Синоќа обвинителството соопшти дека истражува дали напаѓачот со мароканско потекло имал помош или комуницирал со некого во врска со нападот.

Францускиот претседател изјави дека истрагата ќе покаже на кој начин напаѓачот го набавил оружјето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ