
Апсења, гасни бомби и солзавец – антирасни протести
Полицијата уапси 200 демонстранти за време на протестите во Њујорк, иако овој број е многу понизок од оној во понеделникот вечерта која во станица завршија 700 демонстранти, синоќа њујоркшката полиција безмилосно ги апсеше прекршителите на полицискиот час. Кои по судирот со чуварите на редот, палењето и демолирањето на многу објекти одбија да го прекинат маршот на Менхетен, Бруклин и други делови на Њујорк.
- Грабнуваа невини луѓе без никава причина и почнаа да ги туркаат на земја. Овој човек беше новинар. Има пропусница, а тие го турнаа на земја, вели демонстрантот Андре Мерчерлес.
На осмиот ден од протестите демонстрантите кои маршии по Менхетен запреа пред кулата на Трамп која беше целосно блокирана.
А илјадници демонстрантите на минута до 19 почетокот на полицискиот час маршираа кон Белата куќа се до високата ограда на паркот Лафајет.
Холивудскиот булевар во Лос Анџелес е преплавен од припадници на Националната гарда кои со целосна воена опрема ги чуваат институциите во градот.
Како и сите американски претседатели Трамп ја има под своја команда најголемата армија во светот, но таа е немоќна против растечкиот расизам, сметаат аналитичарите. Во предизборие и трка за нов мандат тој со употреба на воениот речник сака да ги придобие белите гласачи.
Во меѓувреме американската држава Минесота поднесе тужба за кршење на граѓанските права против полицијата во Минеаполис за смртта на Џорџ Флојд, кој го загуби животот после насилното апсење.
Француската жандармерија употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои синоќа палеа и кршеа во знак на протест против расната неправда.
Билјана Ставрова