Најмалку 127 новинари починале во светот од Ковид-19

Најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот Ковид-19, се наведува во извештајот на меѓународната невладина организација „ Прес емблем кампеин“ – ПЕЦ .

– Медиумските работници имаат важна улога во борбата против Ковид-19. Тие се оние кои ја информираат јавноста за ширењето на заразата. Многу од овие работници починаа поради недостиг на соодветна заштита додека работеа на терен, рече Блез Лемпен, шеф на ПЕЦ, чие седиште е во Женева.

Од ПЕЦ тврдат дека од 1 март до 31 мај најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот, од кои две третини биле активни на терен.

Само во мај беше пријавено дека 72 новинари починале како последица на заразата, пренесува Анадолија.

Најголем број починати новинари од коронавирус има во Латинска Америка, најмалку 62 , додека 23 во Европа, 17 во Азија, 13 во Северна Америка и 12 во Африка.

ПЕЦ наведува дека извештајот е направен врз основа на информации што се достапни преку националните здруженија на новинари, локалните медиуми и соработници.

Вчера почина Беким Бајрамоски ,  кој е првиот  македонски медиумски работник што ја изгуби битката со Ковид -19 . Работеше во приватната телевизија Спектра, во Лабуниште.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ