
Здравствениот систем во Бразил пред колапс
Здравствениот систем на Бразил, најпогодената јужноамериканска земја од коронавирусот е пред колапс. Честопати се случува пациенти заболени со новиот коронавирус да ја делеат болничката соба со починат пациент од истиот вирус и по неколку часови. Секој болничар е принуден да се грижи за десетици пациенти а според заменик претседателката на синдикатот на болничарите е многу честа.
Можно е да се случи како што и до сега се има случувано а и се случува на многу места. Мораме да го оставиме телото за да ги спасиме животите на другите кои доаѓаат во критична состојба, вели Либиа Белуски, заменик претседателката на сидикатот на болничарите во Рио де Женеиро.
Таа вели дека само во Рио де Женеиро до сега од вирусот починале 39 болничари а дури 2.400 се во карантин затоа што заболеле или покажуваат симптоми на Ковид-19. На сојузно ниво бројот на заболени изнесува 16.600, од кои 150 веќе починаа.
Имаме двојно повеќе пациенти на половина тим и тоа се случува во 90 проценти од здравствените установи, болници и клиники. Со таков обем на работа квалитетот на услугата е недоволен и им предизвикува физички и психички проблеми на здравствените работници, тврди Белуски.
Тие обвинуваат дека здравствениот систем во земајта бил во криза уште пред почетокот на пандемијата, поради лошата политика на владата, недостатокот на опрема и малиот број на оддели за интензивна нега. Со појавата на вирусот ситуацијата само се влошила.
Ситуацијата е трагична, болничарите работат во ужасни услови со заштитна опрема, тогаш кога ја имаат, често не е соодветна и не е доволна. Со тоа владата предизвика неброени смртни случаи, обвинува таа.
Според последните податоци Бразил сега е втората најпогодена земја во светот, поминувајќи ја Русија по бројот на заболени со речиси 377.000. Во најголемата земја во Јужна Америка од новиот коронавирус животот до сега го изгубија 23.522 лица.
Игор Трајков