
Јавните тоалети и писоари ќе се менуваат за пост-ковид19 ерата, британски размислувања
Корона вирусот и ризикот дека опасниот вирус се шири и преку јавни тоалети, предизвика предлози за менување на уредувањето на тоалетите.
Најдалеку отиде Велика Британија, каде директорот на тамошната Асоцијација на тоалети Рејмонд Мартин бара огромни промени во како што ќе ги нарече тоалетите-клучен дел од враќањето на животот во таа земја.
Писоарите треба да се осовременат и модернизираат, треба огради околу нов и нови сензоири и иако тоа е скапо, надлежните треба да вложат повеќе пари во тоа, објаснува Мартин.
-Тоалетите имаат огромен ефект врз трговијата, па затоа се едни од првите работи што ги планирате во кој било нов трговски центар, објаснува Мартин во интервјуто за Сандеј Тајмс.
Асоцијацијата веќе подготвила правилници за одржување на хигиената кои се препорачани за примена на сите места каде има јавни тоалети.
Први на „удар“ се писоарите за кои Мартин предлага да се активираат со ножни сензори наместо со рака и да се заградат со плексиглас или друг вид заштита. Покрај тоа препорачана е употреба и на распрскувачки течен сапун. Целта е да се избегне користење на раце после „олеснувањето“ во тоалетот.
-Сето тоа чини многу пари, но ако сакаме да се вратиме на дружба, на прошетки на отворено и во паркови, на одење на плажи, тогаш и властите треба да влезе со помош, тврди Рејмонд Мартин.
На почетокот на епидемијата, повеќе кинески и европски истражувања тврдеа дека и тоалетите се простори каде лесно се пренесува новиот корона вирус.