
Пандемијата ги натера муслиманите да изјнадат нови начини за одбележување на празникот Рамазан Бајрам
Пандемијата од корона вирусот ги натера милјарда и осумстотини илјади муслиманите низ светот да изјнадат нови начини за одбележување на празникот Рамазан Бајрам.
Неделната молитва во древниот град Ерусалим се одржа пред затворени врати на џамијата Ал Акса, а израелската полиција ги чуваше капиите на храмот. Напнатоста, предизвикана при обидот на некои верници да влезат внатре, утринава беше решена со две апсења.
Турскиот претседател Ердоган ги стави во четири дневен карантин сите 81 провинции во државата, па празникот минува без одење во џамиите и без роднински посети. Верниците дури на 29 мај ќе можат да ги посетат верските објекти со строго почитување на правилата за одржување дистанци и носење на маска. По три години изградба во Итанбул беше пуштена во употреба и нова ултра модерна џамија во која се крши традицијата, односно и мажите и жените ќе можат да се молат на исто ново.
Во Афганистан запреа воените пресметки со талибанците за време на Бајрам-намаз. Во центарот на Кабул на отворено се одвиваше молитвата поради корона ворусот. Поради зголемениот број на заболени бладата целосно го затвори градот, а мал беше бројот на луѓето кои излегоа на улиците.
И улиците во Палестина се празни, властите прогласија тридневен карантин за време на најголемиот празникот на муслиманите, а дел од верниците ги посетија гробовите на своите најмили.
На муслиманите од Иран не им беше дозволено да влезат во џамиите па со молитва на отворено, на улиците го одбележаа најголемиот празник.
Во Мосул поради корона вирусот беше откажана просвлаата. Џамиите беа празни, но дел од верниците во помалу групи одржаа молитва во дворовите на своите куќи.
- Нашата желба за празникот е семоќниот Бог да не спаси од пандемијата и болеста за да можеме да се вратиме во нашите џамии и да се молиме, вели Мејесер ал Шејквави, жител на Мосул.
Верниците во Албанија, Босна и Херцеговина и на Косово се молеа во своите домови или во дворовите на џамиите, а имамете преку интернет врски ја водеа молитвата. Имамите седеа на растојание од еден и пол метар и носеа маски на лицата.
- Браќа и сестри, ве молам за повеќе трпение на овој Фитр Бајрам додека ризикот од Ковид – 19 не помине. Ве молам да не организирате семејни посети, да не ги посетувате пријателите и саканите, за да го зачувате нивното здравје, порача Наим Тернава, имам од Приштина.
И покрај молитвениот протест со кланање на проштадот во ценатрот на Приштина, косовските здравствени власти не доволија собирање во џамиите.
По седумнеделен карантин на 6-ти мај беа отворени џамиите во Сараево. Од верниците беше побарано првата дневна молитба да ја обават дома. Исламската верска заедница реши да не го организира традиционалниот прием за Фитр, на кој вообичаено присуствуваат политичари, како и странски дипломати.
Но во Тираната, Албанија, сепак луѓето се собраа на молитва без да одржуваат дистанца и без маски на лицата.
Билјана Ставрова